Струшкиот Музеј ќе го одбележи одбележи Меѓународниот ден на музеите

Од:

Со изложба на графики од Љубе Алексовски и промоција на збирката раскази „Николај (фикција.вода.вистина)“ струшкиот музеј „Доктор Никола Незлобински“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 мај.

Во спомен домот на Браќата Миладиновци ќе се одржи литературен омаж на Никола и Софија Незлобински – промоција на збирката раскази „Николај (фикција.вода.вистина)“ од авторите Димитрие Дурацовски, Зоран Ковачески, Мерсиха Исмајлоска, Мите Стефоски, Ненад Јолдески и Никола Кукунеш.

Изложбата на графики од Алексовски ќе биде отворена во галеријата „Вангел Коџоман.

Во рамките на политиката на Музејот за отвореност и достапност кон сите граѓани, на Денот на музеите влезот ќе биде бесплатен за сите поставки.

Музејот „Др. Никола Незлобински“ од Струга за посетителите е отворен од вторник до петок  од  1 мај до 1 октомври.

Би можело да ве интересира

Во битолскиот Музеј отворена изложба на предисториски предмети „Првите кралеви на Европа“

А1он

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Музејот на современата уметност со еколошки проект кон зачувување на здравата животна средина