Струшкиот Музеј ги реализира предвидените проекти

Од:

Реализација на проекти од билогија, етнологија, истражување на локалитети се дел од годинашните активности на природонаучниот музеј во Струга „Др.Никола Незлобински“.

Според в.д. директорот на установата Никола Евров, во тек е реализација на првата фаза од проектот за истражување лековити растенија на планината „Јабланица“ во кој им помага билог од Природонаучнуот музеј од Скопје.

– Извршени се теренски истражувања на планината „Јабланица“. Годинава работиме на лековити билки. Донесени се околу 20 различни видови лековити растенија, материјал, кој се хербализира, информира Евров.

Во соработка со Завод и Музеј од Охрид, рече дека ќе работат на конзервација на метални предмети од археолошката збирка. Дел од материјалите биле набавени и очекува од октомври да почнат со реализација на предвиденото.

Струшкиот Музеј, додаде Евров, работи на евиденција на целокупниот етнолошки материјал

– Во првата фаза по неколку години успеавме да набавиме дрвен разбој од предметите за традиционална дрвена покуќнина и пропратни делови за изработка на текстилни производи, како и земјоделски алатки, изјави Евров.

Најави дека деновиве треба да продолжат подводните истражувања во локалитетот „Врбник“ , а истражувањата на базиликата во селото Радолишта ќе се реализираат идната година поради некомплетна техничка документација.

–        Пред неколку години наша стручна екипа констатира дека мозаикот на базиликата во Радолишта е во добра состојба. Локалитетот е малку запуштен, требаше да работиме и годинава, но не успеавме да обезбедиме комплетна техничка документација. Следната година ќе продолжиме со конзервација на потпорните ѕидови на базиликата, појасни директорот на струшкиот Музеј.

Преку проектот за истражување и заштита на иконописот во црквите во Струга и струшко, информира дека годинава се опфатени црквите во селата, за што оцени дека состојбата со фреските не е лоша и нема потреба од посериозни интервенции.

Би можело да ве интересира

Во битолскиот Музеј отворена изложба на предисториски предмети „Првите кралеви на Европа“

А1он

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска