Староградските песни се вратија во Македонска Каменица

Од:

Во организација Културно-информативниот центар „Романса” вечерва во Македонска Каменица се одржа најавениот концерт на староградска музика насловен „Вино и Љубов“.

На концертот учество зедоа квартетот „Квинс” од Виница како и женската пејачка група „Ѓурѓа“ со оркестарот „Пијанечки еснафи“ и солистот Кире Цоневски од Делчево.

За Цоневски беше чест да се биде дел од настанот кој ја негува убавата староградска песна.

На настанот се претставивме со неколку препознатливи староградски песни меѓу кои „Кој што ме чуе да пеам”, Се собрале млади моми” и други карактеристични староградски песни познати на јавноста.

„Се надевам дека настанот ќе прерасне во традиција и дека повторно ќе бидеме гости во М.Каменица”, рече Цоневски.

Концертот беше убав повод во пресрет на утрешниот празник каменичани да се опуштат и да уживаат во прекрасната македонска староградска музика, додаде директорот на КИЦ „Романса”, Горан Огнановски.

Поддршка за организацијата на настанот Културно-информативниот центар „Романса” доби од општина Македонска Каменица чија градоначалничка Соња Стаменкова беше меѓу присутните на концертот.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица