„Споменикот на Мајкл Џексон“ ќе го отвори фестивалот „Синедејс“

Од:

Фестивалот на европски филм Синедејс (Cinedays) ќе се одржи од 13 до 22 ноември 2014 годинa кога публиката ќе може да види повеќе од 100 филмови, да се дружи со 200 гости, да присуствува на 10 концерти и на 5 филмски работилници.

– Синедејс од година во година станува се поуспешен фестивал и бројот на посетители се зголемува, што говори за квалитетот на фестивалот. Се надевам дека и годинава посетителите ќе бараат билет повеќе за филмските проекции. Програмата на фестивалот е многу богата и квалитетна и сакам да ги поканам граѓаните на Скопје да дојдат и да ги погледнат филмовите, а се надевам дека ќе бидат задоволни од изборот како и претходните години – истакна на денешната прес-конференција, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Директорот на Младинскиот културен центар, Златко Стевковски, најави дека годинава Синедејс ќе се отвори и затвори со музика, односно фестивалот ќе го отвори филмот на Дарко Лунгулов „Споменик на Мајкл Џексон“, а на неговата проекција ќе биде присутен и поголемиот дел од екипата на филмот. Исто така, ги најави и огромните изненадувања во гала проекциите, односно најнаградуваните европски режисерски остварувања за кои секогаш се бара билет повеќе.

Во Официјалната селекција и селекцијата на најдобрите филмови од балканската кинематографија Синебалкан, благодарение на селекторот Бернд Будер, љубителите на подвижните слики ќе имаат можност да ги проследат филмовите од идните млади европски режисери кои полека, но сигурно го трасираат својот пат кон светските фестивали.

И годинава во соработка со Тони Шариќ, директор на фестивалот ДОРФ од Хрватска, е направен избор на најновите музички документарни филмови – „Nick Cave: 20.000 days on Earth”, филмот за контроверзниот нигерски џез музичар Фела Кути „Finding Fela”, музичкиот документарен филм за култните Stone Roses „The Stone Roses: Made of Stone”, премиерата на филмот „Денот да е радосен” за легендарните културно уметнички работници, музички филм посветен на shoegaze движењето „Beautiful noise”, како и многу други.

Целата филмаска проферама ќе биде збогатена со незаборавни музички вечери. Синедејс годинава соработува и со фестивалот Queer Lisboa: International Festival of Queer cinema од Лисабон, кој е посветен на квир кинематографијата. Оттаму на фестивалот ќе гостуваат директорот и уметничкиот селектор на фестивалот со своја селекција на португалски квир тематски наградувани филмови кои ќе бидат прикажани во рамките на ЕУ инфо центарот во Скопје.

„Синедејс“ го финансираат Министерството за култура, Градот Скопје, Делегацијата на ЕУ во Македонија и Агенцијата за филм.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата