„Спектрум“ – десетта самостојна изложбата на Маја Кировска

Од:

Самостојната изложба „Спектрум“, на Маја Кировска ќе се отвори во вторник (29 декември) во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (кај Педагошкиот факултет). Изложбата се отвора во 20 часот.

Делата ја третираат реалноста тука и сега, материјална, онаква каква што сме навикнати да ја гледаме и живееме секојдневно.

Изложбата става во фокус некои од најакутните проблеми на денешницата, како што се бегалската криза, војните, состојбата на човековиот ум, дисбалансот помеѓу човекот и животната средина и т.н.. Сите нив ги разгледува од различни аспекти и поттикнува на размислување за причините, но и за можните решенија во иднина, за се она што луѓето како единки и колектив можеме да го направат.

„Секојдневно сме бомбардирани со огромен број информации. Човечкиот мозок не е во состојба да впие сé. Природно правиме селекција на информациите. Поради карактерот на медиумот стануваме подеднакво рамнодушни и кон содржините за забава кои се обидуваат да не анимираат но и кон реалноста која навистина се случува на некој друг дел од планетава. Ги поистоветуваме и повеќе не сме сигурни што е реално, а што не, и најчесто одлучуваме да не обрнеме внимание.

spectrum1

Отрпнуваме, а на трагедијата на другите реагираме не повеќе отколку што би реагирале на некој игран филм. Tоа е така се додека не видиме со свои очи, не почувствуваме на своја кожа, не се увериме дека она што го кажуваат медиумите понекогаш е реалност.

Низ нашата земја дневно поминуваат од 2000-10000 бегалци. Многумина не беа свесни за кризата што се случува во светот, се додека последиците не дојдоа и пред наша врата. Многумина одбиваа да видат, најверојатно затоа што нема видливо решение. Многу теоретичари веруваат дека ова е природна состојба на човекот и не е возможна промена“,пишува во текстот по повод оваа изложба.

Поголемиот дел од галерискиот простор го зазема една комплексна инсталација од фотографии направени со мобилен телефон, комбинирани со аугментирана реалност, каде отпечатените содржини се надополнети со дигитални содржини кои се гледаат преку таблет или мобилен телефон.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“