Со претставата „Архелаос“ од Плевнеш ќе започне театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“

Од:

Претседателот на собранието и уметнички директор Петар Темелковски денеска на прес – конференција ја соопшти програмата на годинашниов 48 по ред Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп.

На 7. јуни Фестивалот ќе го отвори претставата на Драмски театар од Скопје „Архелаос“ од Јордан Плевнеш во режија на Слободан Унковски.

Во конкуренцијата за награди се 13 претстави на македонските театри. Во конкуренцијата за награди се: „Женидба“ од Гогољ во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Театар Комедија од Скопје, „Ноќите во бел сатен“ од Братислав Димитров во режија на Ненад Витанов а во изведба на театарот од велес „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, „Шекспир во приказни“ на Драмат, Викторија Ангелова во режија и кореографија на Кренаре Невзати, а ќе ја изведе Турски театар од Скопје, „Змејовата невеста“ од Молеров во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, „Травничка хроника“ од Иво Андриќ во режија на Бранко брезовац во изведба на Народен театар Битола, „Прст“ од Дорутина Баша во режија на Агон Мифтари во изведба на Албански театар Скопје, „Малограѓанска свадба“ од Брехт во режија на Дејан Пројковски а во продукција на Театар „Глигор Прличев“ од Охрид, „Гнида“ од Иво Брешан во режија на Сулејман Рушити, а во изведба на Тетовскиот театар, „Парови“ од Миро Гавран во режија на Љупчо Ѓорѓиевски а во продукција на театарот „Ацо Шопов“ од Штип, „Не чукај блиску до срцето“ од Митко Бојаџиски во режија на Синиша Евтимов, во изведба на театарот „Антон Панов“ од Струмица и претставата „Духот на слободата“ од Горан Стефановски во режија на Лука Кортини а вои изведба на театарот „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

Годинашниов Фестивал донесува богата програма во официјалната конкуренција и во придружниот дел, теми за состојбите во театарот, промоции, изложби. Ги стимулира младите актери, па наместо една овој пат ќе се доделат две награди за најдобар млад актер – за машка и женска улога.
Оваа година единствена е и наградата за животно дело, а ќе ја понесе режисерот Љубиша Георгиевски.

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на 14. јуни ќе ги додели наградите за најдобрите остварувања, а претставата во чест на наградените и која ќе го затвори фестивалот е „Декамерон“ во режија на Боњо Лунгов, во изведба на ансамблот на Театарот за деца и младинци од Скопје.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска