Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Од:

Заводот за заштита на споменици (ЗЗС) и Музеј на град Штип Денот на музеите го одбележаa со изложба на цртежи во етнолошката поставка и бесплатна посета за сите граѓани. Директорот на ЗЗС и Музеј на град Штип, Митко Штерјов вели целта на ваквиот настан е да се покаже музејот во светло во кое заслужува, бидејќи тие се чувари на традицијата и на се она што се творело во историјата.

– Овој меѓународен ден се слави во сите земји во светот. Ние активно се вклучивме во одбележување на овој ден. Ние ќе го одбележиме со една изложба на цртежи поставена во етнолошката поставка при нашиот музеј, вели Штерјов.

Во Музејот се изложени 9.000 експонати, а има и неколку поставки. Етнологот Бети Иванова вели дека на денешната изложба можеа да се видат мали цртежи до најситен детаљ на мали парчиња хартија од сликарот Иван Сулев.

– Денешната изложба презентира цртежи насликани од еден ликовен уметник во периодот од 1960 – 1964 година, кој бил вработен во музејот како сликар етнолог, а тоа е Иван Сулев. Овие мали слики преставени на паноата отсликуваат предмети до најмал ситен детаљ, на мало парче хартија. Тие до ден денес не ја изгубиле својата ликовна вредност, вели Иванова.

Директорот на ЗЗС и Музеј на град Штип, Штрејов истакна дека се подготвува изложба на црковни книги, која ќе биде отворена на 24 мај, а се работи и на останати проекти поврзани со негување на културното наследство. 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Таен музеј во Вашингтон