Со гала концерт во Виница заврши 32-от МФФ „Истибањско здравоживо“

Од:

Со дефиле низ улиците на Виница и со целовечерен гала концерт на сите учесници синоќа во Виница беше спуштена завесата на годинешното 32-ро издание на Мегународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“, што се реализираше во организација на фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибање и општина Виница.

На фестивалот учествуваа над 500 фолклористи од седум земји од Европа и шест фолклорни групи и ансамбли од Македонија, кои во изминатите пет фестивалски дена на неколку локации во Виница, Македонска Каменица и Облешево ја презентираа фолклорната традиција на земјите од каде што доаѓаат.

На завршниот концерт што се одржа синоќа на градскиот плоштад „Ангел Винички“ присутните ги поздрави и им се заблагодари на учесниците на фестивалот, градоначалникот на Виница Емил Дончев. Тој порача нови средби и успешна соработка во текот на годината, со желба повторно да се видат на фестивалската сцена во Виница.

На фестивалот кој е културен бренд на општина Виница, познат ширум светот годинава учествуваа странски ансамбли од Португалија, Украина, Турција, Романија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Србија,како шест фолклорни ансамбли од Македонија.

Годинешното издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ финансиски е поддржано и од Министерството за култура на република Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска