Снимена музиката за филмот „Медена ноќ“

Од:

Гитаристот и композитор Тони Китановски во Љубљана работеше на снимањето на музиката за новиот филм на режисерот Иво Трајков насловен „Медена ноќ“, соопшти „Кавал филм“.

– Снимањето се одвиваше во студиото 14 на Словенечкото национално радио со нивниот реномиран „Биг бенд оркестар“, под диригентската палка на Китановски, којшто е и автор на музиката за филмот. За време на снимањето Китановски соработуваше со главниот музички продуцент на словенечкото радио Грегор Форјаниќ, информира продукцијата.

Продуцент на филмот е Роберт Јазаџиски и неговата продуцентска куќа „Кавал филм“ од Скопје, во копродукција со „и/о пост и Барандов“ од Прага и „Аталанта“ од Словенија.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и Чешкиот филмски фонд и учествуваат Македонската радио телевизија и Радио-телевизија Словенија.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата