Смилевски и Силјан ги промовираа своите нови книги пред штипската публика

Од:

Во рамки на манифестацијата „Во чест на поетот“, што ја организира Центарот за култура „Ацо Шопов“ денеска Раде Силјан и Веле Смилевски пред штипската публика ги промовираа своите нови дела.

Смилевски ја промовираше својата штотуку издадена книга „Песната Палимпсест“ во издание на „Дијалог“ во која се наоѓа дел од неговото творештво по 2000-та година.

– Ова е еден вид избор на творештвото што го создадов во почетокот на овој век, но со толкувачки текстови, со едно препрочитување и критички однос кон она што сум го создал и дообајаснување на начинот, на обликот на песната Палимпсест, што јас го применувам токму во оваа фаза од моето творештво, истакна Смилевски.

Раде Силјан, пак, пред штипската публика ја промовираше новата поетска книга „Устата на јавето“, којашто е издадена пред неколку дена.

– Ова е моја 17-та поетска книга. Работена е подолго време и мислам дека претставува еден вид синтеза на моето досегашно повеќе од четири години поетско творештво. Книгата кореспондира со ова време. Мислам дека многу аспекти во поезијата, пораки се препознатливи за судбината на македонскиот народ, за раслојувањето и воопшто за сите национални премрежја, коишто ги доживуваме во изминатите години, рече Силјан.

Смилевски и Силјан слават и 50 години пријателство, почнато од нивните средношколски денови во Битола. Дружбата продолжува и во текот на нивниот живот, но и преку пишаниот збор.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации