„Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век“ во НУБ

Од:

Од утре до 10 јули во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје, ќе биде поставена ексклузивната изложба „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век“.

Изложбата која е организирана во рамките на јубилејното чествување на 70-годишнината од основањето на НУБ „Св. Климент Охридски“, за посетителите ќе биде отворена вечерва.

По гостувањето на изложбата во Кралскиот музеј Мариемон во Белгија и скорешното нејзино претставување во Ватиканските музеи во рамките на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“ и 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Светата Столица, за првпат изложбата ќе биде презентирана и пред пошироката македонска јавност.

Преку изложбата, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со нашето културно-историско наследство, преку најрепрезентативните ракописни книги, сведоци на илјадагодишната словенска писмена традиција на Македонија на чии темели е вградена дејноста на двајца од најзначајните Кирилометодиеви ученици и учесници во Моравската мисија- светите Климент и Наум Охридски.

Ракописните книги вклучени во оваа изложба опфаќаат еден голем хронолошки дијапазон и имаат една доминантна теолошка и литургиска конотираност со исклучок на два ракописи од 19 век низ кои провејува една граѓанска, профана обоеност.

Од вкупно триесет ракописи, 21 се од фондот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а останатите девет ракописи се од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Државниот архив на Македонија, Историскиот архив – Охрид, Македонската архиепископија (Богословски факултет) – Скопје и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“