Словенечкиот филм „Аутсајдер“ во Кинотека на Македонија

Од:

Филмот „Аутсајдер“ на словенечкиот режисер Андреј Кошак вечер и во недела од 20 часот ќе биде прикажан во Кинотека на Македонија по повод Прешерновиот ден кој се празнува во Словенија.

Покрај проекцијата,  Кинотеката на Македонија и Словенечкиот центар од Скопје, во соработка со словенечката Амбасада во Македонија, вечер на македонската публика ќе и овозможат и краток разговор со режисерот Андреј Кошак за неговиот филм.

„Аутсајдер“ е снимен во 1997 година и е поглед врз југословенската панк-сцена во Љубљана во 1980-тите години. Филмот своевремено бил дистрибуиран во сите републики на поранешна Југославија и добил  повеќе меѓународни награди.

Настанот е во рамки на Месецот на словенечка култура во Република Македонија, кој го организира Словенечкиот центар од Скопје.

Би можело да ве интересира

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена