Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Од:

Танцовиот перформанс „Не ми ги допирај очите“ и проекција на танцовиот филм „Дома“ на Адријана Данчевска во продукција на Скопје танцовиот театар, ќе се одржи вечер во Музејот на современата уметност – Скопје, во рамки на филмската програма „Кино-МСУ“, со што започнува сезоната на настапи на тановата компанија.

Кореографката Данчевска која настапува во претставата, во најавата вели „Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во земјава, го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. Музиката за претставата ја потпишуваат Артефакт и Гордан Спасовски трио. Во перформансот со Данчевска настапува и Дејан Битровски.

За филмот „Дома“ кој е во нејзина режија, Данчевска вели дека го означува „последниот пресек, консензусната реалност“. Соработници на филмот се визуелниот уметник Ивана Мојсовска, камерата е на Марко Марјановиќ и Тео Ангеловски, музиката на Claude Debussy, Fierce, Wolfgang Amadeus Mozart, Виктор Филиповски и Бојан Филиповски. Пост продукција на Адријана Данчевска, Тео Ангеловски, Ивана Мојсовска, а во филмот настапуваат Наталија Теодосиева, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Ивана Мојсовска, Адријана Данчевска, Филип Петковски, Стела Поповска, Рената Несторовска, Иван Ангелковски и Александра Велкова.

Како што соопштува уметничката директорка на Скопје танцовиот театар и декан на Академијата за филмска уметност при УГД, Рисима Рисимкин, во рамки на вечерта, покрај споментатие продукции, проекција ќе има и филмот „Витро“ на Филип Петковски, во независна продукција, а работен според македонски и старословенски ритуали и легенди.

-Сезонатa 2021/2022 е една од најважните сезони за Скопје танцовиот театар, со оглед на тоа дека во март 2022, компанијата ја очекува историското гостување во Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз, франција. Воедно, Скопје танцовиот театар најавува повеќе настапи со продукциите на компанијата во текот на октомври, ноевмри и декември 2021 за што публиката ќе биде навремено информирана, наведува Рисимкин.

Во репертоарот на компанијата за оваа сезона се претставите „Не ми ги допирај очите“ и „Погрешно“ на Адријана Данчевска, „Ѓаволска дупка“ и „Офлајн“ на Дејан Битровски, „Идентитети- Историја на еден растегнат сон“ и „Меѓусвет (Убавите жени)“ на Рисима Рисимкин. Во рамките на програмата на фестивалот Танц Фест на почетокот на декеври ќе се одржи и гостување на престижната танцова компанија „Скапино балет Ротердам“ и Скопје танцовиот театар, со што ќе се одблежи долгогодишната соработка со уметници од Холандија и нивното влијание во развојот на современата танцова сцена кај нас. Гостувањето на Скапино балет Ротердам е поддржано од Холандската амбасада, а работата на Скопје танцовиот театар од Министерството за култура и Град Скопје.

Танчерите и кореографи Адријана Данчевска и Дејан Битровски, со Скопје танцовиот театар настапуваат на сцените низ земјава, како и на повеќе светски фестивали. Двајцата предаваат на Катедрата за современ танц при УГД.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Две сребра за македонската делегација на шампионатот во танц како спорт на Специјалната олимпијада во Грац

Ана Ололовска