Skopje Museum Тour – водич за музеите и изложбените простори во градот

Од:

На штандот на независните издавачи МАНУСКРИПТ во рамки на саемот на книгата во Скопје денеска ќе биде промовирано делото Skopje Museum Тour.

Skopje Museum Тour е водич за музеите и изложбените простори во градот Скопје, на англиски јазик, наменето пред се за странските туристи кои во се поголем број го посетуваат нашиот град, но и за сите оние кои сакаат да се информираат подобро за тоа што се нуди Скопје.

Автор на текстот е Александар Ристевски, фотографијата на Александар Ѓоргиев, додека за дизајнот се погрижи Урош Вељковиќ. Делото е на 100 страници, во А5 формат, во колор, на исклучително квалитетна хартија.

Водичот веќе е достапен во продажба во Музејот на македонска борба, деновиве ќе биде дистрибуиран до сите позначајни музеи и продавници, а за време на Саемот истиот може да се набави по промотивна цена.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“