Шведската амбасада организира изложби за лица со посебни потреби

Од:

Амбасадата на Шведска, во соработка со Шведскиот институт, вечер од 19 часот во Дом на АРМ ќе ги отвори  изложбите „Пристапност” и „Дизајн за достоинствен живот” кои ќе може да се посетат до 16 октомври.

На изложбата „Пристапност“ се прикажани фотопортрети на 14 Швеѓани со посебни потреби снимени од фотографот Маркус Марчетиќ, како и портрети на 11 Македонци од фотографот Томислав Георгиев. Нивните приказни се раскажани од Рикард Лагерберг и Небојша Илијевски.

– Овие 25 фото приказни ни ги презентираат предизвиците, но уште повеќе, успесите на лицата со посебни потреби во Шведска и Македонија, соопшти Шведската амбасада.

Изложбата „Дизајн за достоинствен живот”, пак,  содржи 22 производа – иновативни решенија наменети да им го олеснат животот на лицата со посебни потреби и нивните негуватели. Од екстра лесни колички и пристапни рампи, преку ИТ-решенија и прилагодени друштвени игри, до специјално дизајнирани пакувања и прибор за јадење.

Локални партнери на Амбасадата се агенцијата „Холистик”, која беше задолжена за продукцијата на македонскиот дел од изложбата, и Асоцијацијата „Дајте ни крилја” со која Амбасадата ќе организира серија настани.

Асоцијацијата ќе организира Меѓународен конгрес на лицата со посебни потреби, од 13-ти до 15 октомври, каде што  гости предавачи од Шведска ќе бидат Сара Шамлу и Пер Јохансон. На крајот на конгресот, вечерта на 15 октомври, ќе биде прикажан и шведскиот филм „Како да ги врзам врвките”. Затворањето на конгресот, пак, ќе биде со традиционалниот „Бал на различностите” на 16 октомври.

– Со отворањето на изложбите, изложбениот простор и концертната сала на Домот на Армијата првпат стануваат пристапни за лицата со посебни потреби, бидејќи токму таа вечер во употреба ќе биде ставена донираната пристапна рампа, соопшти Шведската амбасада.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“