Шведска изложба на портретни фотографии во МОБ

Од:

За времетраењето на Мајските оперски вечери, во холот на Македонската опера и балет ќе биде поставена изложба на портретни фотографии „AccessAbility“ од фотографот Маркус Марчетиќ, продуцирана од Шведскиот институт.

Организирана е од Амбасадата на Шведска во Македонија, во соработка со софтверската компанија Сеавус.

Целта на изложбата е да раскаже приказни на 14 лица со попреченост од Шведска, преку моменти од нивниот личен живот и секојдневие.

– Инклузијата на овие луѓе во општеството, како правото на достоинствен живот без оглед на попреченоста, е тема на која се осврнува фотографот. Личните приказни на изложбата треба да предизвикаат дијалог и да ја зајакнат интернационалната соработка во тој поглед, соопшти Шведската амбасада.

Изложбата е дел од поголем проект за подигнување на свеста за инклузијата на лицата со попреченост. Во изработка е и втор дел кој ќе биде претставен наесен, во кој ќе бидат портретирани Македонци и нивните животни приказни.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“