Шест претстави на МНТ фест

Од:

Македонскиот народен театар оваа година, по втор пат, ќе биде организатор на Меѓународниот театарски фестивал „МНТ-фест“ на кој, како гости, ќе настапат националните тeатри од повеќе земји од регионов и пошироко, како што е гостувањето на Националниот театар од Будимпешта – Унгарија и Националниот театар од Грузија.

Фестивалот ќе се одржи во периодот од 27 мај до 3 јули 2015 година, а притоа, ќе земат учество:

mnt6

Театарот „Софија“од Софија, Р. Бугарија, на 27. 5. 2015 год. ќе го отвори второто издание на Меѓународниот театарски фестивал МНТ-фест со претставата „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ од Виктор Иго, во режија на Лилија Абаџиева – Времетраење на претставата: 2 часа и 20 минути

Националниот театар од Будимпешта, Р. Унгарија, на 2. 6. 2015 год. ќе настапи со претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, во режија на Давид Доиашвили – Времетраење на претставата: 3 часа и 20 минути

Народно позориште Белград, Р. Србија, на 5. 6. 2015 год. ќе настапат со претставата „Бело кафе“ од Александар Поповиќ, во режија на Милан Нешковиќ

Фестивал ФИАТ од Подгорица, Р. Црна Гора, на 6. 6. 2015 год. гостува со претставата „Три сестри“, од Антон Павлович Чехов, адаптација и режија: Ана Вукотиќ и Слободан Милатовиќ

Tурски државен театар Истанбул, Р. Турција, 8. 6. 2015 год. со претставата „Кога ова би било филм“, од авторот Алмир Имширевиќ, во режија на Билге Емин

Националниот театар од Тбилиси Р. Грузија, 20. 6. 2015 год. со претставата „Дневникот на еден лудак“ од Николај Васиљевич Гогољ, во режија на Леван Цуладзе – Времетраење на претставата: 90 минути со пауза

Меѓународниот театарски фестивал и оваа година ќе има ревијален карактер. Одржувањето на овој фестивал има за цел да овозможи презентирање на различните сценски естетики и подобро меѓусебно запознавање, а секако и отворање на поголеми можности за посериозна заемна соработка и размена на искуства во иднина.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска