Шекспиров викенд во битолскиот театар

Од:

Од НУ Народен театар-Битола на денешната прес конференција соопштија дека претстои Шекспиров викенд во овој град, кој ќе го одбележат гостувањето на „Глоб Театар“ од Лондон закажано за петок навечер и премиера на театарската претстава „Отело“ во режија на гостинот од Словенија Диего де Бреа.

Според Благој Мицевски, уметнички директор во НУ Народен театар-Битола – „шекспировото расположение е врзано со големиот јубилеј 450 години од раѓањето на Вилијам Шекспир“.

– Никој не треба да ја пропушти ексклузивната можност да го погледне шекспировиот „Глоб Театар“ кој во античкиот театар Хераклеја ќе ја прикаже претставата „Хамлет“ и чии актери нудат еден т.н. музејски пристап кон делото на Шекспир. Ние како национална установа посветеноста кон Шекспир уште еднаш ќе ја потврдиме во сабота навечер кога премиерно ќе биде изведена претставата „Отело“, посочи Мицевски.

Во најновиот проект на битолскиот театар ќе настапат Борче Ѓаковски во улогата на Отело, Марјан Ѓоргиевски во улогата на Јаго, потоа Катерина Аневска, Иван Јерчиќ, Никола Пројчевски, Валентина Грамосли, Петар Горко и Илина Чоревска.

– Овој театарски текст покажува дека и најмоќните луѓе имаат чувствително место кое може да се скрши. Со овој текст се развива една приказна за тоа како еден човек кој има целосна контрола влегува во параноидна состојба, се соочува со љубомора и на крајот завршува трагично, што всушност е дел од мајсторството на Шекспир. За мене како режисер секогаш предизвик е сензацијата на сцената и затоа дадов максимален простор на актерот. Одушевен сум од мотивираноста на битолските актери и верувам дека ќе имаме прекрасна премиера, истакна режисерот Де Бреа.

На прес-конференцијата во Битола беше потврдено дека претставата „Отело“ ќе биде составен дел на програмата на годинешното  „Охридско лето“ и „Битола Шекспир фестивал“.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска