Шекспир бил депресивен кога ја пишувал драмата „Кралот Лир“

Од:

Најголемиот англиски и светски драмски писател Вилијам Шекспир бил депресивен кога јапишувал својата драма „Кралот Лир“, тврди една нова теорија за животот на овој великан на светската литература,а посебно за поврзаноста на неговиот психолошки живот со делата што ги има создадено.

Според оваа теорија,Шекспир бил „под силна депресија“ кога ги создавал „Кралот Лир“ и „Тимон Атињнинот“ за која се мисли дека поради таквата душевна состојба останала и недовршена.

Ваквата теорија ја застапува познатиот британски театарски актер Сајмон Расел Бил кој вели дека двете драмски дела се толку жестоки што наведува на заклучок дека Шекспир бил во „многу тешка состојба“ во време во кое ја загубил вербата во човечноста и во лугето.

Теоријата што ја застапува Расел Бил ја поддржува и професорот на Кингс Колеџ Универзитетот во Лондон,Соња Масаи.

Таа вели дека е „сосема лудо“ да се мисли дека Шекспир е некој кој можело да не биде погоден од тоа што се случувало околу него,во Лондон и Англија од пред четири векови.

Актерот Расел Бил настапува ова лето во улогата на кралот Лир,во истоимената претстава што во продукција на познатиот театарски и филмски режисер Сем Мендес,се изведува на сцената на лондонскиот Национален театар.

Мендес прифаќа дека станува збор за „шокирачки многу насилна драма“ кога се зборува за „Кралот Лир“ и вели дека тоа е „вистински мрачен текст“ кој го покажува и неговото расположение во тоа време.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска