Сергеј Сарчевски на филмски фестивал во Унгарија

Од:

Краткиот филм „A Stolen Smile“ на 15-годишниот Сергеј Сарчевски, ученик во прва година во гимназијата „Орце Николов“, е номиниран во официјалната селекција на Меѓународниот филмски фестивал „Kid’s Eye“ кој од 8 до 10 мај ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија.

Филмот ќе биде прикажан на фестивалската програма на 8 мај и се натпреварува за награда која ќе биде објавена на 9 и 10 мај.

Оваа година младите филмаџии се натпреваруваат во категориите: долгометражен, анимација, документарен, експериментален, музички видео спот итн.

Претседател на жири комисијата е угледниот германски режисер и продуцент Detlef Fluch, а членови се Mihaly Schwechtje – режисер и Eva Martus – визуелен уметник.

Краткиот филм „A Stolen Smile“ (2014) обработува проблеми со кои се соочуваат младите луѓе во процесот на созревање. Станува збор за една тинејџерка, чиј живот се претвора во пекол бидејќи таа ја избира погрешната патека во животот.

Сергеј Сарчевски досега има режирано осум кратки филма. Учествувал на неколку домашни и меѓународни филмски манифестации и фестивали, изложби за фотографија и има освоено неколку награди.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата