Сергеј Андреевски со „Неизложени дела на хартија“ во Грција

Од:

Самостојната изложба „Неизложени дела на хартија“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски в петок ќе биде отворена во општина Каламариа во Солун.

– На некој начин, оваа поставка е продолжение на големото ретроспективно претставување со наслов „Хартии“ што се случи минатиот мај во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Голем дел од селектираните дела не можеа да бидат изложени во музејот минатата година заради лимитираниот простор. Токму тие дела ќе и бидат претставени на публиката во Солун. Тоа се цртежи и слики од различни творечки фази и тематски циклуси, главно инспирирани од патувањата на авторот низ светот. Создадени се на различни видови хартија – од обична, професионална и рециклирана Арш хартија, до рачно изработена јапонска хартија – Ваши, информира уметникот Андреевски. 

Делата ќе бидат поставени во општинската галерија „РЕМЕЦО“ во Каламариа, Солун од 21 до 29 април. На отворањето, како што е најавено, за творештвото на Сергеј Андреевски ќе говори Харис Савидес, меѓународно етаблиран архитект и фотограф од Атина.

Реализацијата на проектот е овозможена од Министерството за култура. 

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“