Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид од 16 јуни до 1 јули

Од:

Од 16 јуни до 1 јули во Охрид ќе се одржуваат 51. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура и 45. Меѓународна научна конференција кои ги организира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Отворањето ќе биде на 17 јуни во 11 часот во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид.

УКИМ во најавата на двете меѓународни манифестации ја посочува нивната голема улога во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет.

– На Меѓународниот семинар досега учествувале над 4 300 учесници од над 50 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик низ лекторатите во светот. Семинарот својата стручно-научна дејност на подрачјето на македонистиката ја започнал скромно, а до денес непрекинато се развива и израсна во афирмирана наставна, научна и културна институција единствена од ваков вид во Македонија и стана ценет славистички центар, наведува УКИМ за Семинарот кој минатата година одбележа полувековен јубилеј.

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите