Селектирани 15 претстави за учество на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани

Од:

На годинешниот 51. Драмски аматерски фестивал во Кочани кој започнува на 25, а звршува на 30 мај оваа година, ќе учествуваат 15 театарски групи од исто толку градови на Македонија, како и една претстава од Нови Пазар, Република Србија.

– Фестивалот може да започне. Звршени се сите подготовки, селекцијата е направена од страна на актерката Звездана Ангеловска, која од пријавените 35 претстави селектираше 15. Жирито кое годинава ќе ги вреднува претставите и актерите го сочинуваат режисерите Драгана Стојчевска, Милош Андоновски и Ангелчо Илиевски, иформираше Благој Пенов, извршен директор на ДАФ.

Од придружните манифестации беше најавена промоцијата на монографијата „Вертикали“ од театарскиот критичар Иван Ивановски, која е посветена на изминатите 50 години драмски аматеризам во Македонија.

Фестивалот започнува со драмските аматери од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово, а во чест на наградените на затворањето на ДАФ ќе настапат кумановските пензионери со претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, а во режија на Лазар Ѓоргевиќ.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска