Седумдесет години Македонски народен театар

Од:

Македонскиот народен театар денеска свечено ќе одбележи 70 години од основањето и од првата изговорена реплика на македонски јазик на 3 април 1945.

Јубилејот денеска напладне ќе биде одбележан со перформанс и отворање изложба на експонати од музејот на МНТ, а во вечерниот термин ќе биде изведена претставата „Вечната куќа“ со која ансамблот на МНТ во 2013-та ја продолжи својата историја во нов објект.

Од утре и во наредните два и пол месеца одбележувањето ќе продолжи со повеќе активности кои на прес-конференција ги соопшти раководството на оваа национална установа.

МНТ ќе ја отстапи својата сцена за гостувања на другите професионални театри од Македонија, но и за независни продукции и академии.

Во претстојниот период МНТ ќе изведе и премиери, ќе гостува на фестивал во Будимпешта, а од 27 мај ќе биде домаќин на вториот меѓународен фестивал „МНТ фест“,

МНТ го одбележува роденденот на 3 април, датум на кој во 1945 година драмскиот ансамбл ја одиграл првата претстава – „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска