Тозија доаѓа на чело на најбогатата културна институција

Од:

Во подготовката е менаџерска промена во најзначајната институција за домашната кинематографија- Агенцијата за филм, за која ќе се одлучува на следната владина седница. На фотелјата на досегашната директорка Мими Ѓоргоска – Илевска, ќе седне Горјан Тозија. Како што дознава Макфакс, причините и за оваа промена се бројните индиции за неправилности во работењето и „чудни“ и скандалозни одлуки во креирање на политики во домашната кинематографија од страна на Ѓоргоска -Илиевска.

Во последниов месец актуелен беше обидот на раководителката да го оттуѓи фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ од нејзиниот единствен основач и организатор и истиот да го преземе поединец со незаконски преземен бренд. Откако за ова беше информирано новото раководство во Министерството за култура, фестивалот и неговиот повеќедеценски организатор добија зелено светло за работа.

Како директор на Агенцијата, таа дојде во 2015 година од местото директорка на Кинотеката на Македонија. Човекот што ќе ја преземе работата на Агенцијата за филм, Горјан Тозија има импресивна кариера во филмот со биографија од речиси 40 години во продукциски проекти од седмата уметност.

Како продуцент или копродуцент е потпишан зад 60 филмски остварувања, меѓу кои работа со светски продукции од Холивуд, Би Би Си. Член е на Европскиот продуценски клуб, бил дел од бројни жирија на реномирани фестивали. Иницираше и учествуваше во креирање на  повеќе стратегиии и закони за филм.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата