Се отвора изложба на Никола Радуловиќ

Од:

Во Музејот на современата уметност – Скопје, утревечер на 8 ноември, со почеток во 21 часот ќе се отвори изложбата „СИСТЕМА“ на Никола Радуловиќ. Куратор на постановката е Бојана Јанева-Шемова.

Никола Радуловиќ е добитник на наградата за најуспешен автор и дело на XII Биенале на млади уметници доделена од Музејот на современата уметност – Скопје.

„СИСТЕМА- Book of Sclavin 2.0“ е вториот дел од книгата „Book of Sclavin“ – серијалот на анимирани книги, која заедно со првиот дел и интерактивната игра „Генеза“ ја формираат трилогијата „Book of Sclavin“, вели авторот.

„Система“ е исто така и името на изложбата на која е претставена трилогијата преку интерактивни објекти со кои може да се истражуваат книгите и пазлс играта во изложбениот простор.

Постановката ќе биде отворена до 8 декември оваа година.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“