Се бараат млади актери за новиот филм на Теона Митевска

Од:

Продукцијата „Сестри и брат Митевски – Скопје“ објавува јавен повик за аудиција за новиот филм на Теона С. Митевска, со работен наслов „Кога денот немаше име“.

– Ги повикуваме сите заинтересирани момчиња на возраст од 15 – 20 години да се пријават на отворената аудиција. За потребите на филмот се бараат 6 млади момчиња на оваа возраст за носечките улоги.

Аудицијата ќе се одржува на 14 и 15 ноември во просториите на Вардар Филм (Агенција за Филм на Република Македонија), ул. 8 Март, бр. 4, од 10 до 20 часот,, во близина на Градскиот парк, кај фонтаната.

Не е потребно претходно најавување, претходно искуство или знаење. Повелете, дојдете доколку сакате да се обидете, се вели во повикот на продукцијата.

„Сестри и брат Митевски“ досега ги има продуцирано долгометражните филмови „Како Убив Светец“, „Јас сум од Титов Велес“ и „Жената која ги избриша своите солзи“. Овие филмови досега имаат освоено над 30 нагарди, учествувале на стотици фестивали, дистибуирани се во кино мрежите низ светот.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата