СЦМ-Велес вечерва во 19 часот во Битола ќе ја отвори втората по ред изложба која е дел од проектот„ Стрип училиште-стрипот во интеркултурна едукативна мисија 2020. Проектот е финансиран од страна на Министерството за култура чија цел е развој на Интеркултурноста како и деметрополизацијата на културата во земјава преку едукативни стрип активности наменети за млади од разни етнички и други средини.
Како што информираат од СЦМ-Велес, во рамки на проектот, млади таленти од: Велес, Скопје, Битола и Куманово, од различна етничка припадност, во новонастанатите услови предизвикана од пандемијата Ковид-19, твореа стрипиви токму на таа тема и на други социјални теми.
– Преку проектот се зголемува бројот на млади таленти од разни етнички припадности, коишто и натаму ќе се приклучат во творештвото на стрип, а се овозможува и афирмација на стрипот како алатка за обработка и решавање на разни теми од општествената сфера, потенцира Томе Трајков од СЦМ-Велес.
Во проектот застапени се ученици од Велес, Битола, Скопје и Куманово.
Освен учесниците во проектот на вечерашната изложба во Битола ќе бидат претставени и други четири млади стрип таленти од Битола.
Ваква изложба минатиот петок беше отворена во Велес, а по Битола во вторник ќе биде отворена и во Скопје.