Самостојна изложба на Сашо Блажески во Букурешт

Од:

Петта самостојна изложба насловена „Mirrors of reality“ на ликовниот уметник Сашо Блажески, денеска ќе биде отворена во галеријата „Art Yourself Galerry“ во Букурешт.

Изложбата ја сочинуваат 23 дела кои се создавани во периодот од 2012 до 2014 година.

– Сликите се инспирирани од мојата меморија на луѓе, места, нарации од литература и филм, вели авторот.

Во соопштението тој информира дека делата се изработени во комбинирана техника, на хартија и платно.

Изложбата ќе трае до 7- ми јануари, следната година.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“