Самостојна изложба на Али Синани

Од:

Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Траги“ на Али Синани на која ќе се претстави со 40-тина дела работени последните пет години.

Синани припаѓа на школата на орфистите и во неговите слики боите и формите се алфа и омега.

Роден е 1977 во гостиварското село Добридол. Дипломира во 2002 на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професорот Рубенс Корубин. Магистерските студии ги завршува на истиот факултет во 2009 година во класата на доцент Антони Мазневски, а од 2012 година е на докторски студии во Нови Пазар, Србија, кај проф.д-р Фехим Хусковиќ. Член е на голем број европски асоцијации. Има реализирано над 15 самостојни и над 25 групни изложби во Македонија, Србија, Швајцарија, Германија. Од 2000 година живее и работи во Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“