Саем на книгата во Гевгелија со рекорден број на издавачки куќи

Од:

Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија го организира Саемот на книгата на кој годинава се претставуваат рекордни, дури 12 издавачки куќи, кои на гевгеличани им ги нудат своите најнови изданија од повеќе литературни жанрови.

Саемот е поставен на отворено,пред платото на Народниот театар во Гевгелија каде во наредните шест дена ќе можат да го посетуваат љубителите на книгата за кои се обезбедени попусти за купување книги.

-Ова е одлична можност за купување книги по намалени цени и по навистина многу поволни услови. На читаталеите им се нудат дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела,стручна, научна и белетристичка литетарура, велат организаторите од гевгелиската библиотека.

Би можело да ве интересира

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024