Роберт Бадинтер автор на опера

Од:

Францускиот политичари и правен експерт Роберт Бадинтер влегува во светот на уметниците во Операта во Лион, со поставувањето на сцена на операта „Клод“, за која поранешниот министер за правда го напиша либретото, јавува дописникот на МИА од Париз.

Операта „Клод“ е инспирирана од затворската драма на Виктор Иго, во која тој зборува за хомосексуалноста.

– Четири години како што сонувам. Во срцето на оваа затворска трагедија, се наоѓа Клерво, затвор кој како ѕвер ги меле луѓето, ги убива, објаснува Бадинтер, човекот кој успеа да ја укине смртната казна во Франција.

Осумдесет и пет годишниот Роберт Бадинтер успеа да го пренесе во форма на опера непознатиот роман на Виктор Иго „Клод Гео“. работник во свиларите во Лион. Уапсен на барикадите, во моментот кога протестираше против заменувањето на текстилните работници со англиски машини, Клод е осуден на повеќе години затвор. Тој се вљубува во еден друг затвореник, што ќе го одведе на гилотиња.

Композитерот Тјери Ескеш, кој исто така по првпат се обидува на полето на операта, имал одредена грижа за текстот на либретото на Бадинтер да ја даде музичката идеја за она што значи да се биде затворен.

Роберт Бадинтер објаснува дека тој си зел за слобода да се оддалечи од текстот на романот на Виктор Иго, при што открил дека и самиот Иго се оддалечил силно од вистинскиот случај на Клод Гео, чие судско досие го нашол во судските архиви.

Режисерот на операта Оливе Пи, забележува дека Роберт Бадинтер со оваа опера му се оддолжува на Виктор Иго, кој исто така бил против смртната казна и воопшто против социјалните неправди. Со овај не многу познат роман на Иго се открива дека тој на времето покажал храброст, пишувајќи љубовна приказна меѓу двајца мажи.

Бадинтер веќе има пишувана на темата против репресијата на хомосексуалноста во тетарската претстава „Ц.3.3“ прикажана во театарот  де ла Колин во 1995 година, во која се раскажува животот на Оскар Вајлд, убиен поради неговата хомосексуалност од викторијанското општество.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски