Ристовски и Кузманов на меѓународен фестивал во Бугарија

Од:

Театарските критичари Гоце Ристовски и Тодор Кузманов ќе бидат водители на тркалезната маса на критиката на четвртиот Меѓународен фестивал на камерни театри што во организација на Новата театарска асоцијација НЕТА ќе се одржи од утре до 22 овој месец во Враца, Република Бугарија.

Ристовски и Кузманов се постојани водители на тркалезната маса на критиката на Меѓународниот театарски фестивал на камерни театри „Ристо Шишков“, што се одржува во Струмица, а биле водители на тркалезната маса на критиката и на меѓународниот театарски фестивал „Јоакиминтерфест“ што се одржува во Крагуевац, Република Србија.

На фестивалот во Враца ќе бидат изведени девет претстави со театри од Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Романија, Грција, Русија, Косово и Црна Гора.

Едновремено во Враца ќе се одржи и 25-от национален фестивал на мали театарски форми.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска