Ристов: МОБ е секогаш расположена за соработка, Љахај е исклучителен уметник

Од:

Не станува збор за никаква нетрпеливост, ниту пак какви било ограничувања во врска со концертот на тенорот Рам Љахај, што синоќа се одржа во МОБ и тоа во целосна организација на независниот фестивал Сцена на албанската сериозна музика, изјави за МИА, директор на МОБ Васо Ристов.

МОБ е секогаш расположена за соработка и во овој случај, потенцира Ристов, беше договорено оркестарот да биде како музичка поддршка на тенорот Љахај, но, посочи, некогаш се случува да се појават технички или друг тип усогласувања како причина да не се оствари соработка во дадениот момент.

Во изјавата за МИА, Ристов информира дека во конкретната ситуација бил предложен и наш диригент, но организаторите инсистирале сето тоа да се изведе со придружба од клавир, по што самите организатори ја донеле одлуката.

Љахај е исклучителен уметник, истакна директорот на МОБ Ристов, ние го почитуваме и токму поради тоа со него беше разговарано да биде ангажиран за Мајските оперски вечери или во некои идни заеднички проекти.

Фатос Лумани, уметнички директор на фестивалот Сцена на на албанската сериозна музика, во врска со настанот денеска соопшти дека за да не се загрози уметничкото ниво на концертот, во последен момент решиле да го ангажираат меѓународниот пијанист, Генц Тукичи.

– Не можеме да ги потврдиме или негираме причините за не одговарање кон барањата на диригентот во одреден момент и на одредено ниво од страна на оркестарот на МОБ. Она што можеме со сигурност да го кажеме е дека имаше посветеност и добра волја од директорот на МОБ, Васко Ристов и раководството на оваа институција, за реализирање на овој концерт. Ова нè прави во иднина без двоумење да продолжиме со соработката со оваа институција, стои во соопштението од Лумани.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска