„Риголето“ се враќа на сцената МОБ со врвни солисти

Од:

Вo сабота, 6 февруари, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, по подолга пауза, ќе биде изведена оперската претстава „Риголето“, на прославениот Џузепе Верди.

„Риголето“ се смета за една од најубавите музички драми во оперската литература и нејзиното либрето се базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго.

Во претставата настапува врвна солистичка екипа: Борис Трајанов, во насловната улога, Ана Дурловски, Михајло Арсенски, Игор Дурловски и мецосопранот Ирена Кавкалевска, во главните улоги.

Во останатите улоги ќе настапат: Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Катерина Стојановска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Александра Лазаревска-Василевски, Десанка Глигоријевиќ и Димитар Кожухаров.

Диригент е гостинот од Италија: Џанлука Мартиненги.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет