Ревијален концерт на учесниците на 35. Меѓународен студентски фолклорен фестивал

Од:

Ансамбли од Турција, Хрватска, Унгарија и од Кипар гостуваат на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал кој по 35-ти пат се одржува од 3-ти до 6 јули во неколку општини во Скопје, во организација на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“.

Во рамки на фестивалот, вечер од 20.30 часот во Домот на АРМ ќе биде одржан ревијален концерт на сите годинашни учесници.

Покрај странските ансамбли, учествуваат и неколку домашни, меѓу кои и организаторот на фестивалот АКУД „Мирче Ацев“ од Скопје.

Меѓународниот студентски фолклорен фестивал почнал да се организира во 1967 година. Идејата била на студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кои на таков начин сакале да им заблагодарат на земјите кои помогнале за обнова на Скопје по земјотресот во 1963. Во почетокот тој бил наречен „Фестивал на солидарноста“. Во изминатите години  на фестивалот учествувале играорци од голе број европски земји.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска