Ревија на народни носии од Скопскиот регион

Од:

Ревија на народни носии од Скопскиот регион е отворена денеска во Сули на Факултетот за ликовна уметност.

Манифестацијата ја организира Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со Здружението на уметници ракотворци АРТИ КРАФТ Скопје, дел од Програмата за финансирање проекти за развој на занаетчиството, угостителството, трговијата и туризмот на Град Скопје за  годинава.

– Делата на ракотворците говорат за уметноста, способноста, за уметничката дарба, за креативноста, за духот на нашиот народ, говорат за нашето постоење, култура и традиција. Нивните дела се записи, сведоци на минатото на нашиот народ, и нивното дрво, глина, конец, кожа, игла, бакар, раскажуваат за богатата култура на сите народи од овој простор кои опстојувале со векови, рече на отворањето на ревијата градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Целта на манифестацијата, оцени Трајановски, е откривање, чување, заштита и презентирање на богатото народно творештво, изразено преку народни носии и везот, негувано низ вековите и во различни општествено-економски и политички услови во кои живеел и творел македонскиот народ, а со него заедно и народностите, изразувајќи ја својата самобитност и творечка уметност што го определува националното значење и карактер на самата манифестација.

Преку ревијата Град Скопје воедно сака да се популаризираат народните носии од Скопскиот регион, да се промовира традиционалното занаетчиско производството, да се поттикне размената на искуства и знаење на ракотворците, како и да се зголеми продажбата на занаетчиските производи и туристичката понуда.

Во рамки на манифестацијата покрај изложба на народни носии и сувенири се одржа и концерт на учесници на КУД во Домот на АРМ.

Во Музејот на Македонија вчера се одржа трибина на тема: Народната носија од Скопскиот регион на која свои излагања имаа м-р Достана Караѓозоска Станковска, Горданче Видиниќ –Етнолог-кустос-советник и Нада Андоновска од Музеј на Македонија.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска