Културно уметничкото друштво „Илинден“ од Струга во рамки на одбележувањето 35 години постоење, вечер во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе организира ревија на народни носии.
На ревијата ќе бидат презентирани сите народни носии кои ги имало друштвото во изминатиот период.
КУД „Илинден“ ја негува традицијата и на свој, оригинален начин ја покажува љубовта кон фолклорот. Формирано е 1983 година, а покрај во државата свои настапи имало и низ Европа.