Ревија на македонски филмови на манифестацијата „Крушево – град на културата“

Од:

На манифестацијата „Крушево – град на културата 2014“ од денеска до недела ќе има ревија на современи македонски филмови. Секој ден од 20 часот во Домот на културата во Крушево ќе се прикажуваат по еден краток и долгометражен филм.

Ревијата ќе почне вечер со проекција на краткиот „Влакна“ и „Ова не е американски сон“, а во наредните денови ќе бидат прикажани и: „Материјал за аудиција“ и „Панкот не е мртов“ (вторник), „Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ и „Трето полувреме“ (среда), „Игра и спас“ и „Војната заврши’ (четврток), „Убаво време за умирање“ и „Балканот не е мртов“ (петок), „Шивачките“ и „Барајќи ја среќата“ (сабота) и „Плати и жени“ (недела).

Во оваа недела на филмот ќе се одржи и Ревија на германскиот детски филм од фестивалот „Буф“. Детската програма ќе почне утре во 12 часот со филмот „Точкичка и Антон“.

Организатори на неделата на филмот се Општина Крушево, Министерството за култура, Кинотека на Македонија, Агенцијата за филм на Република Македонија и „Гете институтот“.

Влезот за сите настани во градот на културата е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата