Ретроспективна изложба на Вељо Ташовски во Штип

Од:

Во галеријата Безистен на Заводот-Музеј Штип вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на академскиот уметник Вељо Ташовски.

Изложба е во организација на Националната галерија на Македонија и претставува пресек на целокупниот опус на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво.

Станува збор за повеќе дела во комбинирана техника.

– Ликовниот дискурс на Ташовски се реализира во просторот меѓу илузијата и симулацијата. При тоа авторот се откажува од илузијата во нејзината класична означеност, но од друга страна, тој ја користи симулацијата во најмекиот и најприродниот вид, отворајќи пат кон индивидуалната ликовност. Идејата на авторот е преку ваквиот привид да ја нагласи основната специфичност на сликарството – двете димензии, односно апстрактната конотација на сликата создавајќи специфична “ликовна претстава на двата плана”. Користејќи ја иконографијата на мрежата тој ја дефинира “просторноста” на сликата. Таа, мрежата го ограничува просторот, но во ист момент овозможува и поглед низ, поглед и од оваа и од онаа страна, слободна циркулација, како метафора на бескрајната комуникација на просторите, наведуваат организаторите на изложбата.

Ташовски е роден 1949 година во селото Осој (Дебарско). Во 1975 година завршил Академија за ликовни уметности – сликарски оддел во Љубљана, каде и магистрирал 1979 година. Од 1976 до 1985 година бил член на Друштвото на ликовни уметници на Словенија, а од 1976 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметости во Скопје.

Реализирал повеќе самостојни изложби во Македонија и Словенија, а учествувал и на голем број групни изложби во Словенија, Македонија, Италија, Полска, Хрватска, Грција, Романија, Србија, Чешка, Словачка, САД итн. Добитник е и на бројни награди.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“