Ретроспективна изложба на Томо Шијак

Од:

На 25 декември (петок), со почеток во 20 часот, во Даут-пашин амам ќе биде отворена ретроспективна изложба под наслов „Внатре… Томо Шијак (1930-1998)“. На изложбата посветена на еден од најзначајните претставници на македонската авангарда, еден од најпродуктивните и најинвентивните и најзначајните македонски уметници, ќе бидат претставени над 100-тина дела од целокупното негово творештво.

Томо Шијак (1930-1998) е еден од неколкумината автори, уметнички родени во педесеттите години на дваесеттиот век, кои се издвоија како означувачи на авангардистичките текови на тогашната македонска ликовна уметност, со секогаш немирен, дури хиперактивен, истражувачки дух, поради што можеме да го карактеризираме како автор со најмногу варијации на стилски ставови кај нас.

tomoshijak

Шијак до крајот на својот живот останува доследен на смелото експериментирачко дејствување и на препознатливите дела кои, со развојот на модернистички трансфигурираната концепција на неговите најиновативни и естетски најзначајни „мусандри“, во колективната македонска уметничка меморија ќе останат запаметени како икони на објект-артот што зрачат со аурата на нивната трансцендентална моќ. Мноштвото дискурси на неговото творештво секогаш се движат помеѓу две дијаметрално спротивни крајности што го дразнат внатрешниот конфликт со намера за постигнување хармонија помеѓу фигурацијата и апстракцијата, рациото и спиритуелноста, уметноста и техничките достигнувања, следењето на современите авангардни процеси во уметноста и почитта кон традиционалното…

Ретроспективната изложба и монографското издание за творештвото на Томо Шијак задолжително во себе ги инкорпорираат сите претходни истражувања посветени на овој автор и најзначајните концепти во доменот на објект-артот.

Изложбата во Националната галерија на Македонија ќе трае до крајот на февруари 2016 година.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“