Ресенски џез вечери по четврти пат

Од:

Веќе четврта година по ред, продолжува традицијата на одржување на Ресенските џез вечери. На градскиот плоштад, пред Jazz Taverna, голем број љубители на џезот уживаа во настапот на групата „Инстинкт“, до доцните вечерни часови.

„Присуството на голем број повратници во Ресен во летните месеци, ја зголеми и потребата од поголем број културни настани. Годинава, малку порано ги одржуваме џез вечерите, за разлика од минатата година, кога се случија во месец август и ги гимаме во два викенди. Така, џез вечерите ги започнавме уште минатиот петок, со настапот на групата „Кабадајас“, а одлучивме овој викенд да има уште два настапи на музички групи. Синоќа пред ресенчанинастапија членовите на групата „Инстинкт“, а вечерва, со настапот на Сашо Поповски трио, ги заокружуваме Ресенските џез вечери“, рече директорот на Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресе, Васко Василевски.

Домот на културата „Драги Тозија“, како носител на културните настани во Ресен и Преспа,особено во летните месеци нуди разноврсна програмска понуда за сите вкусови и возрасти.

Би можело да ве интересира

Kонцерт на Џез триото АУМ

Ќе се уредува нов простор за НУ Оркестар за џез-музика

Дводневен Џез фестивал во Куманово

Ана Ололовска

„Мала Италија патува” на платото пред НОБ

Ана Ололовска

Трио Таксим од Истанбул го отвори четвртото издание на „Џез фест“ во Тетов

Ана Ололовска

Четвртото издание на „Џез фест“ започнува да се одржува вечерва во Тетово

Ана Ололовска