Четвртото издание на „Џез фест“ започнува да се одржува вечерва во Тетово

Од:

„Џез фест 2019“ од вечерва започнува да се одржува во Тетово. Четвртото издание на „Џез фест“ ќе понуди пет настапи на музичари од вечерва до недела 15-ти септември во Центарот за култура во Тетово.

-Отворањето е вечерва со почеток во 20 часот со главните гости на фестивалот „Таксим Трио“ кои доаѓаат од Истанбул, Турција. Врз основа на традиционалната турска музика инкорпорираат класичен џез. Втората вечер настапуваат браќата Тавитијан, едни од најпознатите музичари од Македонија со интернационална кариера заедно со Рани Круја музичар по потекло од Мароко. Рани Круја соработувал со Стинг, Питер Габриел, Принц, Ени Ленокс, Чик Кореа и многу други, информираат организаторите.

Линда Рукај гитаристка од Албанија, настапува во петок од 20 часот со музичари од цела Европа, додека гитаристот Агрон Пени од Косово со бендот на четвртата вечер во сабота во истиот термин. Фестивалот завршува со настапот на музичари од цела Македонија во недела од 19 часот како квинтет заедно со вокалот Нита Речи од Струга.

Би можело да ве интересира

Ќе се уредува нов простор за НУ Оркестар за џез-музика

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски