Репертоарот на кумановскиот театар ќе се подготвува на дневно ниво

Од:

Поради големиот интерес на граѓаните, кумановскиот театар викендов три пати ја прикажа детската претстава „Трнорушка“, информираа денеска надлежните од НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Во петок и сабота во театар Куманово беше изведена премиерата и првата реприза на претставата.

Како што посочи директорот на установата, Сашо Тодоровски, претставата се одигра три пати, а интересот за неа е огромен, бидејќи публиката постојано се јавува и прашува кога ќе биде следната изведба.

-Заради моменталната состојба репертоарот на театарот се прави на дневна основа така што публиката благовремено ќе биде известена кога ќе биде следната изведба. Коментарите на најмладата публика беа дека оваа е навистина прекрасна претстава, а нивните родители рекоа дека со нетрпение чекале повторно да дојдат во театар и оваа претстава навистина ги исполнила и надминала сите нивни очекувања во позитивен контекст, рече Тодоровски.

Кумановскиот театар почна да ја подготвува претстава кон крајот на јануари и требаше да излезе во почетокот на месец март, но заради пандемијата се одложи. Премиерата се одигра на 16 октомври, а првата реприза на 17 октомври.

Во салата за време на претставата беа запазени сите протоколи препорачани од комисијата за заразни болести за организирање на настани во затворен простор. Согласно протоколите претсвата можат да ја следат само 48 лица во затворен простор.

Секој посетител носеше заштитна маска и се одржуваше потребното физичко растојание помеѓу публиката. Во детската претстава „Трнорушка“, која ја режира Бојана Краљевска играат Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Владанка Димковска, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ и Давид Илиќ.

Би можело да ве интересира

„Атеље 212“ на МОТ: „Лоунли планет“ е театарски пркос на пандемијата

Ана Василевска

Премиера на претставата за бебиња „Облак во мала кутија“ во Театарот за деца и младинци

Ана Ололовска

За идната година планирана реконструкција на кумановскиот театар

Жарко Настоски

Во Прилепскиот театар премиера на претставата „Каменот“

Ана Ололовска

Нов театарски проект на Центарот за култура Крива Паланка

Ана Ололовска

Театарот за деца и младинци со нова премиера – „Што е силеџија“

Ана Ололовска