Распишан меѓународниот поетски конкурс „Антево слово“

Од:

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, годинава по четврти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

На конкурсот, кој трае до 10 јануари 2021 година, можат да учествуваат поети од нашата земја кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: [email protected] на македонски и италијански или англиски јазик, кои со учеството на овој конкурс автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

Специјалната награда „Антево слово“ ќе ја координира интернационална жири-комисија со која ќе претседава македонскиот поет Митко Гогов, претставник на Здружение за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“. Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот.

– Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко. Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели на 28 март 2021 во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“, информираат организаторите на поетската манифестација.

Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и специјалната награда „Антево слово“ која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

Би можело да ве интересира

Омаж во чест на академик Анте Поповски

Наградата „Антево Перо“ за 2023 година за „50 испеани приказни “ од Александар Русјаков

Катерина Ѓуровски

Дванаесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Наградата „Антево перо“ за 2022 за стихозбирката „Куќа“ од Јулујана Младеновска Тешија

Пет поетски наслови конкурираат за наградата „Антеви Перо“

Ана Ололовска

Девет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Ана Ололовска