Прва самостојна изложба на цртежи на Давид Ристевски

Од:

Првата самостојна изложба на цртежи на младиот графички и веб дизајнер Давид Ристевски, познат како Dreadpen, ќе биде отворена утревечер во Concept 37 во Скопје. Изложбата е насловена „Инвазија од чудовишта“ (Monster Invasion) и е инспирирана од не/секојдневни искуства, стрипови, цртани и филмови.

– Се трудам да ја прикажам интересната, светлата и насмеаната страна на чудовиштата. Не сакам асоцијација за чудовиште да ми биде нешто страшно. Затоа, на моите цртежи ги претставувам во друго светло, во интересни и смешни ситуации, како би можеле да не  насмеат, да ни го разубават денот и да не оттргнат за момент од сивилото, посочува авторот Ристевски.

Тој информира дека процесот на создавање на чудовиштата почнува со молив, а завршува на компјутер. При тоа некои од нив добиваат и текст, со што излегуваат од дводимензионалноста, добиваат карактеристика на вистински жив лик, кој ви се чини дека одамна го познавате и со кого може да разговарате.

Инвазијата од чудовишта ќе биде претставена во 22 дела/цртежи. Ќе бидат изложени нови и веќе објавени илустрации. На изложбата ќе може да се најдат и маички со ликовите од чудовиштата, кои заедно со сликите ќе бидат од продажен карактер.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“