Прва премиера во новата зграда на Велешкиот театар

Од:

Првата премиера во новата зграда на Театарот во Велес ќе се одржи вечер, а ќе биде изведена комедијата „Најважната работа на светот“ по текст на Братислав Димитров, а во режија на Љубиша Георгиевски.

Во претставата, која ќе биде изведена и во следните два дена, ќе настапат Васил Зафирчев, Зоран Љутков, целата актерска екипа на Велешкиот театар, како и гостите актери: Ирена Ристиќ и Благој Чоревски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Мери Георгиевска, а музиката е на Гаврило Миловановиќ.

Историјатот на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ заокружува период од 66 години театарска дејност во Велес, чии први нишки беа повлечени уште во 1874 година, кога била одиграна првата театарска претстава со која актерите, локалните учители и ентузијасти го промовирале Велес како културен центар.

Новиот театар во Велес значи продолжување на успешната театарска традиција на овој град и подигнување на стандардите на театарската дејност, но овојпат во еден репрезентативен театарски објект со простор кој ги задоволува светските стандарди, но и сценски простори со современи технолошки системи во кои ќе се негуваат уметноста и културата и ќе се реализираат содржини од сценско-уметнички дејности со високи технички перформанси.

Новиот театарски објект е изграден на површина од 3.543 м2 и располага со голема сала со капацитет од 370 посетители, како и мала сцена со можност да прими од 50 до 110 посетители. Основниот сценски простор од големата сцена е од модуларен тип со три оркестарски и осум сценски платформи кои овозможуваат лесна, брза, безбедна трансформација и конфигурација на основниот сценски простор.

Технолошки гледано објектот располага со опрема и уреди, аудио и видео системи од врвни светски производители, со можност за презентација на театарски дела со ефект и квалитет како во најсовремените театри во Европа и светот, со што ќе биде овозможено во Велес да гостуваат сценски дела од било која светска продукција.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска