Прва македонска платформа за поврзување студенти и дипломци со компаниите

Од:

Првата македонска платформа Бинтерн ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за побрзо и поедноставно да почнат кариера преку пракса и работа. Бинтерн е стартап-компанија поддржана и од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во рамки на повикот „Стартапувај 2″.

– Платформата Бинтерн досега има преку 40 успешни приказни (луѓе кои започнаа кариера во компании), преку 110 регистрирани компании на платформата и повеќе од 20 огласи секој месец, а на платформата досега се регистрирани околу 2500 студенти и дипломци од различни струки кои се спремни да ја започнат нивната кариера, информира компанијата.

Има склучено соработки и со повеќе студентски организации, универзитети и едукативни центри, со цел да ја доближи платформата до студентите и да ги зголеми нивните кариерни можности за пракса и работа во некоја компанија.

– Бинтерн беше организатор и на Jobathon, односно Hackathon за вработување, на кој учесниците имаа задача да програмират решение за потоа компаниите да си изберат дел од најдобрите програмери и да им понудат работа кај нив. Битолскиот стартап е организатор и на Emerging Technologies со цел да сe соеднини ИТ-заедницата и да се разменат искуства и знаења, наведува компанијата.

Би можело да ве интересира

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Независниот студентски сојуз го откажа утрешниот собир: Партиите да стојат на страна