Прва клапа на „Несигурна смрт“

Од:

Денеска започнува снимањето на новиот краток игран филм на Лавиринт Продукција со работен наслов „Несигурна смрт“.

Сценариото и режијата се на Петар Џуровски, а директор на фотографија е Горан Наумовски. Улогите се на Драгана Костадиновска, Димитар Ѓоргиоски, Дејан Лилиќ, Владимир Тулиев и Игор Доневски.

Филмот ќе се снима на неколку локации во Скопје во наредните десетина дена.

Кратката играна форма е голем уметнички предизвик пред сè заради лимитираното време за израз кое бара особена режисерска вештина во начинот и стилот на филмската нарација.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата