Прв концерт на новоформираниот Ансамбл за албански песни и ора одржан во Тетово

Од:

Новоформираниот Ансамблот на албански песни и ора во Република Северна Македонија имаше прв настап во тетовскиот Центар за култура. На премиерниот настап пред публиката се обрати тетовската градоначалничка Теута Арифи.

– Ансамблот денеска во Тетово донесе безброј емоции со концертната премиера на ова културно богатство од национални вредности. Беше вечер за која ќе се зборува и ќе се зборува долго време. Овие момчиња и девојчиња од денеска ќе имаат света одговорност и должност со тоа што ќе го претстават на сцената нашето богато културно и уметничко наследство и уметност. Уживајте во ансамблот и имајте го засекогаш, истакна градоначалничката Теута Арифи.

Следен настап Ансамблот ќе има во понеделник во Куманово, а следуваат Гостивар, Дебар, Струга, Кичево и Скопје на 28 ноември.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска